Жозе Мурињо е блиску да испише историја во клупскиот фудбал, ако вечерва триумфира со Рома во финалето на Конференциската лига ќе стане првиот тренер кој ги освоил сите натпреварувања на УЕФА.
Рома во финалето ќе игра против холандски Феенорд. Финалето се игра во Тирана, а пред натпреварот Португалецот се потсети на Суперкупот кој се играше во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со Манчестер Јунајтед играв Суперкуп во Македонија. Градот доби одлична можност да организира Суперкуп и беше во еуфорија со денови, таков голем натпревар сега организира Тирана. Лесно можеше да се забележи дека тоа е важен момент за нив. Стадионот е навистина убав. Штета што капацитетот не дозволува поголем број навивачи, но среќен сум што играме овде“, изјави Мурињо.
„Ер Албанија“ на кој вечерва ќе играат Рома и Феенорд собира капацитет од 22.500 гледачи.