Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во последен момент испратил понуда за играчот на Челзи, Вилиан, потврдија англиските медиуми.
Финансиските детали од понудата не се откриени, но медиумите пренесуваат дека таа експресно била одбиена од страна на „сините“. Се претпоставува дека станува збор за понуда од 35 милиони фунти.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Доколку се реализираше овој трансфер тоа ќе биде втор играч на Челзи кој летово се сели на „Олд Трафорд“. Претходно „Специјалниот“ го донесе Немања Матиќ за 40 милиони фунти.
Самиот Вилиан неодамна призна дека разговарал со Мурињо и бил отворен да се пресели во неговиот тим, но Челзи се спротиставил и го блокирал трансферот.