Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо зборуваше за плановите на клубот на трансфер пазарот.
Како што е познато, Португалецот претходно се пожали од слабата активност на трансфер пазарот на шефовите на „црвените ѓаволи“. Тој најави дека пред некое време им дал листа со пет имиња кои ги сака во својот состав, но неговите барања не биле исполнети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „Специјалниот“ истакна дека сака две засилувања до крајот на преодниот рок, но се надева дека ќе пристигне само едно.
„Би сакал да добијам двајца нови фудбалер, но мислам дека тоа нема да се случи. Сметам дека е возможно да добијам само едно засилување. Му дадов список на клубот уште пред неколку месеци и сега ми преостанува само да чекам и да видам што ќе се случи“, истакна Мурињо.
„Ако дојдат нови играчи добро, ако не, ќе се бориме со тоа што го имам на располагање. Наскоро очекуваме во тимот да се вратат Погба, Фелаини, Линделоф, Рашфорд, Лингард, Мариќ и Валенсија“, додаде Португалецот.
Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок донесе три засилувања, играчот за врска Фред, десниот бек Диего Далот и резервниот голман Лиј Грант.