Саул Нигез минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, но не се прослави и летово се врати во Атлетико Мадрид.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот не беше задоволен од тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој го играше надвор од неговата природна позиција и побара трансфер.




Сега е јасно дека за него нема повеќе место во тимот на „јорганџиите“, па таквата ситуација сака да ја искористи Рома.




Мурињо е во потрага по квалитетен играч за врска после повредата на Вајналдум, па верува дека Нигез идеално ќе се вклопи во неговиот тим.




„Волчицата“ ќе се обиде да го донесе 27-годишниот Шпанец на едногодишна позајмица со право на откуп.