Дома Топ вести Мурињо не е задоволен – ова се потенцијалните мети за јануари!

Мурињо не е задоволен – ова се потенцијалните мети за јануари!

Манчестер Јунајтед одлично ја отвори сезоната и после четири кола се наоѓа на врвот во Премиер лигата, но менаџерот Жозе Мурињо сака додатно да го засили тимот.

„Специјалниот“ не е во целост задоволен од својот тим, па најави дека во јануари ќе тргне по нови засилувања, а англиските медиуми денес ги открија потенцијалните мети.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На врвот на листата е Антоан Гризман, играч кој долго време е трансфер цел на Мурињо, а кој би можел во јануари да го напушти Атлетико Мадрид, особено после доаѓањето на Диего Коста.

Англиските медиуми истакнуваат дека Јунајтед ќе се приклучи во битката за Алексис Санчез и Месут Озил кои во јануари ќе бидат слободни да потпишат за нов клуб без обештетување.

Потоа се споменува и Дени Роуз, одличниот лев бек на Тотенхем кого Мурињо силно го посакува на „Олд Трафорд“, но „спарси“ за него бараат 50 милиони фунти.

Што се однесува до одбраната прва мета е Костас Манолас од Рома, додека во средниот ред како потенцијална мета се споменува Андре Гомеш.

Останува да видиме дали Мурињо ќе успее во намерата да доведе некој од овие фудбалери уште во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…