Дома Фудбал Англија Мурињо непосредно пред стартот на ЛШ: На англиските екипи им е многу потешко

Мурињо непосредно пред стартот на ЛШ: На англиските екипи им е многу потешко

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вели дека неговите играчи се подготвени и мотивирани да ги дочекаат своите противници во ЛШ.

Јунајтед по една година пауза се враќа во ЛШ. За разлика од изминатите години, овојпат на „Црвените ѓаволи“ тоа право им припадна по освојувањето на ЛЕ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Лигата на шампионите е нашето природно место, Јуанјтед на тоа натпреварување играше секоја сезона. Се радуваме на новиот почеток и многу сме мотивирани. Не очекува тежок меч против Базел, но имаме доволно квалитети да ги совладаме“, истакна Мурињо на конференцијата за медиумите.

Покрај Базел, во групата на Јунајтед уште се и Бенфика и ЦСКА Москва, а португалскиот тренер нагласи дека англиските екипи ќе се соочат со потешки предивзици за разлика од ривалите.

„Реал изминатата сезона во последниот еден месец во ПЛ играше со вториот состав и дојдоа свежи во финалето. Јувентус пак, беше три месеци пред крајот беше шампион. Кај англиските екипи тоа не е можно, бидејќи првенството до крајот е неизвесно. Но, нема да се жалам“, истакна Португалецот, кој до титулата во ЛШ дојде со Порто во 2004. година и со Интер во 2010. година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…