Дома Топ вести Мурињо најде замени за Ибра и Руни – ќе троши 200 милиони!

Мурињо најде замени за Ибра и Руни – ќе троши 200 милиони!

Манчестер Јунајтед во следниот преоден рок го олекува голем ремонт во нападот. Златан Ибрахимовиќ е тешко повреден, а на крајот на сезоната сигурно заминува и Вејн Руни.

Англиските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо веќе ги нашол нивните наследници, во Шпанија и Италија, и е спремен да потроши 200 милиони евра за да ги донесе на „Олд Трафорд“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Станува збор за Антоан Гризман од Атлетико Мадрид и Андреа Белоти од Торино. Медиумите тврдат дека трансферот на Французинот е договорен и само прашање на време е кога ќе биде потврден, а „црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат 100 милиони евра.

Истиот износ Манчестер Јунајтед е спремен да го плати и за ѕвездата на Торино, Андреа Белоти кој оваа сезона е најдобар стрелец во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Александер Арнолд наскоро потпишува за Реал

Реал Мадрид веќе работи на трансферот на десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, …