Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека неговиот тим може да оствари многу подобар пласман од четвртото место во Премиер лигата.
Сепак, „Специјалниот“ не поставува цели за оваа сезона, која е негова дебитантска на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За да бидам среќен потребно е да се спојат некои фактори. Среќен сум кога тимот се развива, кога на добар начин и со добра игра ја завршуваме сезоната. Мора да видиме како ќе завршиме, не сакам да кажам четврто место, бидејќи мислам дека можеме подобро од тоа. Но, постои ризк да не бидеме меѓу првите четири екипи, бидејќи многу врвни тимови имаат исти амбиции како нашите“, изјави Мурињо.
Манчестер Јунајтед игра со многу осцилации оваа сезона, но се чини дека сега повторно влезе во ритам и им се врати на победите.
„Мораме многу да работиме и да напредуваме, но фудбалската идеја, принципите на игра и начинот на кој сакаме да се браниме и напаѓаме се јасни. Во тоа веруваме, фудбалерите се задоволни со тоа и тоа не го променивме ни кога резултатите не беа добри. Многу резултати беа лоши за нас, но ние не ги применивме нашите идеи и правецот по кој сакаме да одиме“, заклучи Португалецот.