Дома Фудбал Англија Мурињо за критиките кон Погба: Му завидуваат бидејќи е милионер!

Мурињо за критиките кон Погба: Му завидуваат бидејќи е милионер!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо застана во заштита во најскапиот фудбалер на денешницата, Пол Погба.

Имено, Погба е веќе подолго време мета на критики на англиските медиуми кои очекуваат повеќе од фудбалер кој е платен 105 милиони евра, а Мурињо има интересна теорија за тоа.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Мислам дека вредностите во светот почнуваат да губат на вредност. Би рекол дека се плашам од нивото на зависта. Пол нема вина за тоа што добива 10 пати повеќе од некои фудбалери од блиското минато“, најави Мурињо.

Французинот ова лето стана најскапиот фудбалер на светот и моменатлно е еден од фудбалерите со најголема заработка во светот.

„Пол нема никаква вина за тоа дека разни коментатори не живеат добро и имаат потреба од секоја фунта за да преживеат, додека тој е мултимилионер. Погба стигна до топ ниво без никој да му дава ништо. Навистина сум загрижен од начинот на кој се развиваат овие генерации. Зависта е насекаде“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фантастично прво полувреме, Барса со два гола предност🎥

Барселона и Баерн играат атмоски фудбал на „Монжуик“ и во првото полувреме видовме четири …