Мурињо е на добар пат да му го „украде“ големото засилување на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
Имено, веќе подолго време се пишуваше дека Манчестер Јунајтед е најсериозниот кандидат за ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Регулон.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во преговорите со Реал Мадрид инсистираше да нема клаузула според која „кралевите“ ќе можат да го вратат играчот во наредните две години.
Токму тоа било причината преговорите да запнат, а во последен момент како заинтересиран тим се јавил Тотенхем кој ја прифатил опцијата за евентуално враќање на Регуилон во Реал Мадрид.
Сега останува играчот да се договори со „спарси“ и официјално да стане нов фудбалер на Тотенхем.