Дома Фудбал Англија Мурињо го отпиша, а Салах секогаш ќе се сеќава на гестот на Португалецот

Мурињо го отпиша, а Салах секогаш ќе се сеќава на гестот на Португалецот

Навивачите на Челзи го обвинуваат Мурињо бидејќи своевремено се откажа од можеби денес најдобриот играч во Премиер лигата, но Египѓанецот памети еден гест на Португалецот…

Секако најголемиот натпревар на англискиот фудбал се игра за викендот ќе се сретнат Ливерпул и Манчестер Јунајтед, дербито кое ќе го обележи ова кола ќе го донесе и судирот на Салах со неговиот поранешен менаџер Мурињо кој го отпиша во Челзи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа „зла крв“ помеѓу овие двајца нема. Мурињо го испрати Салах во Фиорентина, а Челзи таа година стигна до титулата.

Потоа Мурињо направи нешто невобичаено. Го убеди клубот да купи реплики на златните медали за шампионите за пет играчи кои ја започнаа сезоната, но потоа заминаа.

„Тие беа со нас на почетокот, поради тоа и тие се дел од шампионскиот тим“, изјави Мурињо, а на вечера со фудбалерите им ги подари медалите.

Египќанецот не се врати, експлодираше во Рома, сега е најдобар фудбалер на Ливерпул, а според многумина и во Премиер лигата.

„Никако, не сум во лоши односи со Мурињо, Секогаш ќе се сеќавам на тој негов гест, зборувавме неколку пати од кога заминав од Фиорентина, разменивме неколку зборови и пред претходниот натпревар помеѓу Ливерпул и Јунајтед. Нема тука ништо лично“, објасни Египќанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …