Српскиот играч за врска од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“.
После пет години поминати „Олд Трафорд“, Матиќ го напушта клубот иако има договор до 2023 година. „Црвените ѓаволи“ исто така сакаат да се ослободат од него и нема да му стојат на патот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажува Рома, која веќе започна преговори со неговиот агент.
Мурињо одлично го познава Србинот и верува дека ќе биде одлично засилување за „волчицата“ па го убедил Матиќ да се пресели во Рома.