Дома Фудбал Англија Мурињо ги дочека своите пет минути: Овој Јунајтед е полош од мојот!

Мурињо ги дочека своите пет минути: Овој Јунајтед е полош од мојот!

Екс-менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не пропушти шанса да го „пецне“ својот поранешен клуб.

„Специјалниот“ истакна дека заслужено бил отпуштен од клупата на „црвените ѓаволи“, но смета дека овој Манчестер Јунајтед под водство на Солскјер е полош и од неговиот поради кој доби отказ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Јас не сум човек кој треба да одговара на прашањата за проблемите на Манчестер Јунајтед. Поминав две сезони таму, за време на кои чувствував многу позитивни аспекти и сфатив каде треба да го насочам клубот. Третата сезона не беше доволно добра. Ме отпуштија, а бев отпуштен заслужено, затоа што бев одговорен како главен тренер. Но, тажната реалност е дека сега Манчестер Јунајтед изгледа уште полошо отколку со мене. И ова е тажно. Луѓето мислат дека уживам во ситуацијата, но воопшто не ми се допаѓа“, изјави Мурињо.

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната и моментално се наоѓа на 8-то место после шест одиграни кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…