Дома Топ вести Мурињо ги расипува плановите на Интер – тргнува по ѕвездата на Рома!

Мурињо ги расипува плановите на Интер – тргнува по ѕвездата на Рома!

После засилувањата во одбраната и нападот, Мурињо сака да донесе уште еден квалитетен играч за врска во средниот ред.

Откако ја загуби битката за Тиму Бакајоко, сепак Португалецот ќе се насочи кон ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан, пренесуваат англиските медиуми.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Белгиецот имаше фантастична сезона во Рома, покажа класа и е мета на многу европски гиганти, а најсилен интерес до сега покажуваше милански Интер.

Наинголан иако во неколку наврати истакна дека сака да остане во Рома, сепак сеуште го нема продолжено договорот, а италијанските медиумие тврдат дека „волчицата“ е спремна да започне преговори со Јунајтед.

Рома е наводно спремна да се раздели со Наинголан за сума од 50 милиони евра, но не сака да го пушти во Интер бидејќи не сака да засилува директен конкурент.

Таквата ситуација може да ја искористи Мурињо, кој со Белгиецот ќе добие големо засилување во средниот ред, особено поради фактот што Наинголан може да игра на повеќе позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Летово пристигна ко големо засилување, но веќе е несреќен и сака да замине?

Хулијан Алварез го принуди Манчестер Сити да го продаде на Атлетико Мадрид ова лето, но на…