Манчестер Јунајтед влезе во серија на лоши резултати, откако денес запиша уште едно реми и тоа на домашен терен против Барнли.
После натпреварот „Специјалниот“ повторно даде интересна изјава и најде оправдување за ремито.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Требаше да победиме, но задоволен сум од начинот на кој играа фудбалерите. Се бореа и немам што да им замерам. Пак примивме „С гол“. Нема потреба да ви го спелувам целиот збор. Доволно сте интелигентни да сфатите кои се другите букви“, изјави Мурињо мислеќи на „срање“.
На констатацијата дека доживеал фијаско откако во тимот вложи 300 милиони евра, Жозе имаше спремен одговор.
„Тие пари не се доволни! Се наоѓаме во втора година и се обидуваме да реконструираме тим за кој и самите знаете дека не е меѓу најдобрите во светот. Манчестер Сити купува бекови кои чинат колку напаѓачи, ние не го можеме тоа“, заклучи Португалецот.