Дома Фудбал Англија Мурињо: Во моментов Јунајтед не е доминантна сила и има многу непријатели!

Мурињо: Во моментов Јунајтед не е доминантна сила и има многу непријатели!

Манчестер Јунајтед не е подготвен повторно да биде истата доминантната сила во англискиот фудбал од пред неколку години, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.

Мурињо го освои Лига Купот уште во првата сезона на „Олд Трафорд“, а до крајот на сезоната има шанса да го освои и трофејот во Лига Европа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Се уште не сме подготвени да бидеме доминантна сила. Не сме подготвени да се обидеме да освоиме сѐ. Поради природата на клубот и поради моите амбиции, сме подготвени да се бориме за секој поен. Има разлика помеѓу амбициите на еден голем клуб и реалноста“, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ е сигурен дека Манчестер Јунајтед има многу непријатели.

„Имаме многу непријатели. Нормално е нашиот противник да биде Ростов, но сега имаме многу непријатели. Тешко е да се игра со 10 лица по црвениот картон на Андер Ерера против Челзи. Тешко е да се игра доцна и е тешко да се игра во 12 часот на пладне“.

„Многу луѓе мислат дека требаше да постигнеме доста повеќе голови против Ростов. Многу нешта се против нас. Момчињата се неверојатни. Веројатно ќе изгубиме во недела (против Мидлзборо). Ќе си ја платиме потребната цена. Заморот си има своја цена. Фудбалерите на Ростов беа свежи, доаѓаат по зимска пауза“, рече Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …