Јувентус и Барселона неодамна ја комплетираа размената во која Миралем Пјаниќ се пресели во Каталонија, а Артур Мело во Јувентус. Во Шпанија веднаш се отворија разни расправи на оваа тема.
Имено, на многумина не им е јасно зошто Барса пушти играч кој има 23 години да доведе некој кој има 30 години. Новинарите на „Мундо Депортиво“ одлучија да објаснат зошто во Барса се решиле на таков потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прво и основно е што Барселона доведе неверојатен организатор на игра со совршена прецизност во креирањето акции и разбивањето на противничките линии“.
„Второ, Пјаниќ може да ја покрива позицијата на која сега игра Бускетс ако тоа биде потребно“.
„Трето, Де Јонг ќе има повеќе простор напред што во оваа сезона не беше случај бидејќи мораше да се враќа назад“.
„Четврто, Пјаниќ не се крие на теренот и секогаш се нуди во желба да креира акција“, објаснуваат новинарите на „Мундо Депортиво“:
Во текстот се потенцира и дека Пјаниќ е одличен изведувач на слободни удари.