Поранешниот генерален директор на Јувентус и првообвинет во аферата „Калчополи“, Лучијано Моџи не пропушта шанса да го одбрани својот поранешен клуб во медиумите.
На Апенините повторно е актуелизирана темата дека Јувентус има помош од судиите, особено после натпреварот со Наполи, кога гостите јавно ги обвинија судиите за поразот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контроверзниот директор Лучано Моџи, кој беше осуден во Калчополи скандалот од 2006, смета дека тоа им е само алиби на останатите клубови.
„Бев на стадионот и не видов причина за ваков бунт. Ми се чини дека Јуве пак им е алиби на лузерите, исто како што беше во 2006. Се враќаме на атмосферата од 2006. Во Италија, да се биде супериорен во однос на другите едноставно не е дозволено”, истакна Моџи.
„Ќе дадам еден пример, на последниот меч Сасуоло-Милан имаше чист пенал за домаќините што не беше досуден и сите го премолчеа. Тоа е сосема нормално, но одредена судиска одлука во корист на Јувентус секогаш крева прашина. Оние кои разбираат фудбал можеби ќе кажат дека Наполи играл добро, но треба да се биде искрен и да се признае дека овој тим нема потенцијал за да освои некој трофеј. Тоа е вистината“, заклучи Моџи.