Дома Фудбал Англија Моќниот Манчестер Сити наскоро уште посилен

Моќниот Манчестер Сити наскоро уште посилен

mendy

Левиот бек на „граѓаните“ утрово тренираше со остатокот од тимот после долго време.

Бенџамин Менди минатото лето пристигна како големо засилување од Монако. Но, Менди се повреди уште на припремите, му настрада мускулот и поради тоа беше надвор од тимот дваесетина дена, а само што започна сезоната после пет одиграни натпревари се соочи со нов проблем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менди заработи потешка повреда на коленто која долго време го одвои од терените, докторите прогнозираа дека ќе мора да паузира околу седум месеци, но според последните информации Бенџамин Менди би можел да се врати и порано.

Утрово тој прв тренираше со остатокот од тимот уште од раната есен, а ќе видиме дали Гвардиола ќе се реши да „фрли во оган“ пред средината на април кога и беше прогнозирано дека може да се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…