Денес со почеток од 17:00 часот својот натпревар од првото коло во Премиер лигата го одигра и тимот на Ливерпул, кој се сретна против Вест Хем кој беше исклучително активен во преодниот рок.
Ливерпул на самиот старт покажа дека оваа сезона главна цел ќе биде титулата, додека пак Вест Хем иако прими четири погодоци, сепак може да се забележи дека „чеканите“ се значително подобри од минатата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот го отвори кој друг ако не – Мо Салах, уште во 19 минута.
Вториот гол го видовме во судиското продолжение од првиот дел кога во листата на стрелци се запиша Мане.
Натпреварот беше решен во 53 минута кога Мане го постигна својот втор гол. Сенегалецот беше во недозволена позиција, но судиите не се огласија па неговиот гол беше признат.
Точка на натпреварот стави Даниел Стариџ кој во 88-та минута успеа да постигне гол после само дваесетина секунди откако влезе во игра и ги постави конечните 4:0.
Во вториот натпревар кој се одигра во истиот термин Саутемптон и Барнли натпреварот заврши без погодоци 0:0.