Дома Фудбал Италија Морати знае кој е вистинскиот човек за Интер?

Морати знае кој е вистинскиот човек за Интер?

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Масимо Морати знае кој би можел да го извлече неговиот поранешен клуб од тешката позиција во која се наоѓа.

Интер под водство на Морати ги забележа некои од најголемите успеси во клупската историја, тие се единствениот италијански клуб кој освои триплети, а тоа го направија во 2010 година кога на клупата на „нероаѕурите’ беше Жозе Мурињо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега успехот на Интер има шанси да го повтори Јувентус, а Морати нема ништо против тоа.

„Ако некој друг тоа го направи, ние не го губиме нашете достигнување. Во животот успех мора да доживее и некој друг. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Морати.

Морати беше запрашан кој според него е најдобриот избор за клупата на Интер. За сега во медиумите како најголеми фаворите се споменуваат Конте, Спалети и Диего Симеоне. Сепак „стариот лисец“ има друга идеја.

„Сари. Сметам дека тој е вистинскиот“, исткна Морати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гатузо и Италијанците добијаа најлоши вести пред баражот за СП

Италијанската репрезентација влегува во најважните денови од циклусот, но атмосферата во т…