Дома Трансфер зона Мората за новиот клуб може да дебитира уште во сабота

Мората за новиот клуб може да дебитира уште во сабота

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората по се изгледа заминува на позајмица во Атлетико Мадрид каде што ќе игра до крајот на сезонатА, шпанскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Тренерот на лондонскиот клуб, Маурицио Сари го оставаше Мората на клупата за резерви, а најавеното доаѓање на Гонзало Игуаин дополнително би го влошило неговиот статус во Челзи, поради тоа заминувањето во Атлетико изгледа како логичен избор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според најавите на медиумите во Шпанија, Мората би можел да дебитира за Атлетико против Гетафе.

Челзи го доведе Мората летото 2017 година од Реал Мадрид кога на „кралевите“ им плати 616 милиони евра оштета. Меѓутоа Шпанецот не ги оправда очекувањата и во првата сезона постигна 11 голови, додека оваа сезона на своето конто има само пет погодоци.

https://www.youtube.com/watch?v=2foQB7AF29Y

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…