Фудбалерите на Атлетико Мадрид вчера во рамките на 25-то коло од Примера славеа над Виљареал со 2:0 пред своите навивачи.
Атлетико до победа дојде со головите на Алваро Мората и Саул. Овој меч сигурно долго ќе го памети токму Мората за кого ова беше дебитантски гол во дресот на Атлетико Мадрид, откако минатиот месец пристигна од Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мората мрежата на Виљареал ја затресе во 31-та минута после одличната асистенција на Филипе Луис, па имаше веќе спремна прослава на голот која денес е главна тема во Шпанија.
Имено, Мората го имитираше главниот судија, односно ситуацијата кога судијата го проверува ВАР. Оваа прослава е поради фактот што на напаѓачот му беа поништени два гола со ВАР одлука, еден во дербито против Реал Мадрид, а вториот против Јувентус во Лигата на шампиони.
Сега Мората може да биде кезнет доколку се испостави дека ги исмејувал судиите, а „Марка“ пренесува дека конечната одлука ќе се донесе следните денови.
После прославата на голот покрената е дисциплинска постапка, па треба да се утврди дали Мората со својот гест ги исмеал судиите и нивнте одлук
Според најавите на шпанските медиуми Мората може да добие суспензија од еден или два натпревари поради „контроверзната“ прослава.
Alvaro Morata just scored a real goal for Atleti and yes before you ask, it counts. Actually a really nice finish by Morata pic.twitter.com/5JGw9rmF2j
— Ebo_AA (@EboAA1) February 24, 2019