Милан одигра уште една очајна партија против АЕК во Лигата на Европа и не успеа да победи, а навивачите со свирежи ги испратија фудбалерите.
Еден од директорите, Мирабели во второто полувреме се симна од трибините на клупата и беше видно вознемирен после натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На пресконференцијата тренерот Монтела невкусно се пошегува и изјави дека има пријател фармацевт кој ќе им препише на директорите лекови за брзо да ги пребродуваат поразите.
„За разлика од мене кој што играв фудбал, тие не се навикнати да губат“, заклучи Монтела.
Сепак, медиумите на Апенините се сигурни дека столчето на Монтела сериозно е разнишано и доколку не успее да победи против Џенова овој викенд ќе добие отказ.