Монпелје е нов европски првак во ракомет, откако во финалето во „Ланксес Арена” во Келн го победи Нант на импресивниот Кирил Лазаров со 32-26. Ова е втора европска титула за Монпелје.

Мечот започна со одлични одбрани на двата голмани, Жерар и Думулин, а Лазаров влезе од клупата да реализира седмерец за 5:4 во 8. минута. По серијата на одбрани на Жерар, „белите” постигнаа неколку лесни голови и побегнаа на 10:7. Тјери Анти веднаш го прекина ритамот на противникот и повика тајм-аут.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само што влезе од клупата Лазаров ја прекина серијата од девет одбрани на Жерар и намали на 10:8. Сепак, Симоне и Манду со голови низ транзиција ја вратија разликата од три гола во финишот на првиот дел. Кога Манду погоди за седми гол на кружните напаѓачи на Монпелје, во 28. минута екипата на Канаје поведе со +4. Следеа голови на Клерк и Гурбиндо за 15:13, но Мелвин Ричардсон погоди од далечина за 16:13 на полувреме.

Второто полувреме започна со три гола на Хансен и еден на Лазаров и израмнување на почетокот од вториот дел. Но, Кавтичник и Мелвин Ричардсон ги казнуваа и најмалите грешки на Нант и Монпелје се одлепи на 21-18 на средина од второто полувреме. Тогаш на сцена стапија Лазаров и Гурбиндо и Нант се доближи на -1 на влезот во последните десетина минути.

Македонскиот ас со голови и асистенции го одржуваше Нант во натпреварот, но Мелвин Ричардсон и Жерар умешно возвраќаа. По серијата на грешки Симоне казни со гол од контра и со серијата 4-0, Монпелје се одлепи до финални 32-26.

Најефикасни во тимот на Нант беа Лазаров со шест и Гурбиндо со пет гола, а кај Монпелје се истакнаа Фабрегас и Симонет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Анчелоти може да добие отказ и пред крај на сезоната – Перез го избрал наследникот?!

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а…