Луис Суарез својата афирмација како играч ја доживеа во Ајакс каде што настапувшае од 2007 до 2011 година.
Додека играше на Амстердам Арената уругвајскиот напаѓач беше пример на многу млади фудбалери од академијата на Ајакс, а помеѓу нив бил и Матијас Де Лихт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт во овој момент можеби е најдобриот млад стопер и очекувањата се да стане уште подобар.
Како што е познато холандскиот стопер го носи дресот на Јувентус, а од вчера на големо Суарез се поврзува со трансфер во Торино што би значело дека ќе стане соиграч со Де Лихт.
Некогаш Де Лихт беше само млад фан кој сакаше автограм и фотографија од својот миленик, сега многу брзо може да станат соиграчи.