Дома Фудбал Англија Може ли Манчестер Јунајтед до титула во ПЛ? Еве што мисли Солскјер

Може ли Манчестер Јунајтед до титула во ПЛ? Еве што мисли Солскјер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не сакаше да зборува за шансите на неговиот тим да ја освои Премиер лигата, но додаде дека сезонава се е отворено.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед го очекуваат пет натпревари во 16 дена. Првиот „црвените ѓаволи“ ќе го играат денес против Шефилд.

„Не чека тежок распоред. После дуелот со Астон Вила ќе имаме мала пауза. Секако дека овој период ќе има големо значење. После него ќе видиме дали ќе можеме да се бориме за титулата. Би бил разочаран ао играчите во овој момент мислат дека немаме шанси, во овој момент се е можно во лигата. Веруваме дека сме подобри отколку што бевме, но мораме уште да напредуваме“, изјави Солскјер.

Јунајтед во овој момент е деветти на табелата во Премиер лигата и има осум бодови помалку од лидерот Ливерпул, но и два натпревари помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ја исполни желбата на Аргентина пред полуфиналето со Англија

ФИФА го прифати посебното барање на фудбалската репрезентација на Аргентина пред полуфинал…