Дома Фудбал Останато Мијатовиќ и Станковиќ го „вкусија“ и ноќниот живот во Скопје!

Мијатовиќ и Станковиќ го „вкусија“ и ноќниот живот во Скопје!

Балканските фудбалски ѕвезди и легенди на Реал Мадрид и Интер, Предраг Мијатовиќ и Дејан Станковиќ уште вчера пристигнаа во Скопје, па имаа можност да го „вкусат“ и ноќниот живот во нашиот главен град.

Ден пред натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед тие се прошетаа по скопските локали, а домаќини им беа селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, и тренерот на голманите во националниот тим, Гого Јовчев.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Сите имаат гости за Суперкупот, ние имаме супер гости“, напиша Јовчев на својот Фејсбук профил и објави фотографија.

Предраг Мијатовиќ играше за Реал Мадрид од 1996 до 1999 кога ја освоија титулата во Лигата на шампионите.

„Не би можел да кажам кој е фаворит, бидејќи двата тима имаат одлични фудбалери во своите редови. Ова е меч за титула, а знаеме дека Реал секогаш оди на трофеј, особено против ривал како Манчестер јунајтед“, изјави Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Арсенал разочарани од дебито на засилувањето од 30 милиоини евра

Mикел Мерино летово пристигна во Арсенал од Реал Сосиедад во трансфер вреден 31,6 милиони …