Дома Македонски спорт Мак фудбал Митко Стојкоски избран за нов претстедател на ФК Пелистер

Митко Стојкоски избран за нов претстедател на ФК Пелистер

Eкипата на ФК Пелистер доби нов претседател, а беа именувани и новите членови на управниот одбор.,

За нов прв човек на македонскиот второлигаш беше избран Митко Стојкоски. Легендата на македонскиот фудбал се враќа во својот матичен клуб.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Денес (вчера) се одржа вонредно собрание на ФК Пелистер. На собраниеето за нов претседател е избран Митко Стојковски. Досегашен претседател на ФК Пелистер беше Пеце Стојчевски.

Во бордот на директори членуваат поранешните фудбалери Тони Мицевски, Пеце Цветковски и Златко Деловски, стопанствениците Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски и претставници на Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник)“, соопштија од клубот.

Задачата на новата управа ќе биде клубот да се стабилизира и што побрзо да се врати во првата македонска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…