Дома Фудбал Мислеше ли некој дека ќе биде поинаку? Меси и кажал „да“ на Барселона!

Мислеше ли некој дека ќе биде поинаку? Меси и кажал „да“ на Барселона!

Капитенот на Барселона Лионел Меси прифатил да го продолжи договорот со Барселона до летото 2023 година.

Наводно Меси бил во преговори со Барселона во последно време и во ниту еден момент не покажал желба да замине, дури и ако во договорот има клазула според која на крајот на секоја сезона може да замине ако тоа го сака.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Аргентинецот (32) целата своја кариера ја помина во Барселона и изгледа ќе остане во овој клуб до крајот на кариерата. Тоа наводно го потврдил со одлуката да го продолжи договорот до 2023 година.

Меси сезонава во дресот на Барселона постигна 26 гола на 33 натпревари и сака ја освои титулата во Шпанија, но тоа може да биде проблем по вчерашното реми со Севиља. Сепак, Барселона ја очекува и Лигата на шампионите која ќе се доигра во август.

Инаку, Меси првиот професионален договор со Барселона го потпиша на 1. јули 2005 година, актуелниот договор му има важност до 30. јуни 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона е во напредни преговори – ќе го откупи договорот на Рашфорд

Барселона е во напредни преговори со Манчестер јунајтед околу можен трансфер на англискиот…