Дома Фудбал Италија Министерот за спорт побара моментален прекин на Серија А!

Министерот за спорт побара моментален прекин на Серија А!

Сезоната во Серија А би можела целосно да биде запрена по последните мерки што ги презеде владата на Италија. Во 11 провинции е прогласен црвен аларм, што значи дека движењето и собирите се сведени на минимум.

Со последната одлука на владата во 11 провинции меѓу кои е и најзагрозената Ломбардија прогласена е црвена тревога, односно движењето на отворено е сведено на минимум.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денес на програмата во Серија А се играат одложените натпревари од минатиот викенд, со што ќе биде комплетирано 26-то коло, а тоа може да биде и последно.

Покрај Асоцијацијата на професионални фудбалери, денес и министерството за спорт побара моментално прекинување на Серија А.

„Би се сложил со она што го рече Томаси како претседател на Асоцијацијата на фудбалери и апелирам моментално да се прекине првенството. Моментално нема смисла да се игра фудбал, бидејќи ги молиме граѓание да го спречат ширењето на вирусот. Не сакаме вирусот да се пренесе на судиите, играчите и другите вработени во клубовите“, изјави министерот за спорт Спадафор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најдобрите фудбалери си заминува од Шкендија!?

Шкендија, актуелниот македонски шампион, се соочува со можноста да остане без еден од свои…