Ветеранот Џејмс Милнер има 37 години и веројатно наредната сезона нема да игра за Ливерпул, сепак Милнер нема намера да стави крај на кариерата.
Според најавите од Островот Милнер ќе го напушти Ливерпул, но ќе продолжи да настапува за друг клуб од Премиер лигата. Како што стојат работите тој е пред потпис со Брајтон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милнер води преговори со Брајтон и според најавите во наредните денови би можел да биде постигнат договор и трансферот да биде официјализиран.
Брајтон веќе почна да размислува за следната и да се засилува, Милнер би бил второто засилување по потписот со Жоао Педро.