Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе стапил во контакт со агентот на Сергеј, Кежман и започнал преговори за трансфер на Србинот во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ се обиде да го доведе Савиќ и пред две години, тогаш Лацио за него бараше 100 милиони евра, меѓутоа сега поради финансиската криза цената на фудбалерите падна.
Последните информации се дека СМС ги договорил личните услови со ПСЖ, па останува уште двата клуба да ја договорат отштетата.
Првата понуда на „светците“ од 60 милиони евра беше одбиена, бидеќи Лацио бара 80 милиони евра, па се очекува наскоро двата клуба да ја „испеглаат“ разликата.