Ѕвездата на Лацио, Сергеј Миликовиќ-Савиќ ги одбил понудите на Арсенал и Њукасл, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Двата англиски клуба се силно заинтересирани за Милинковиќ-Савиќ и понудиле 55 милиони евра, но Лацио бара повеќе пари за слободата на својата ѕвезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал и Њукасл се единствените клубови кои биле спремни да платат 70 милиони евра колку што бара Лацио, но СМС ги одбил нивните понуди.
Српскиот репрезентативец сака трансфер во клуб кој настапува во Лигата на шампиони и поради тоа ги одбил понудите.
Интерес за СМС покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Јувентус, но двата клуба не се спремни да понудат 70 милиони евра.