Дома Фудбал Италија Милик со порака до Анчелоти: Сакам да играм повеќе од 15 минути на меч!

Милик со порака до Анчелоти: Сакам да играм повеќе од 15 минути на меч!

Милик синоќа беше стрелец на вториот гол за Полска против Македонија, а после мечот испрати порака до својот тренер во Наполи, Карло Анчелоти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот напаѓач оваа сезона не добива голема минутажа кај Анчелоти, па очигледно е незадоволен од својот статус.

„Сакам да играм нешто повеќе од 15 минути на меч, засега ќе кажам толку, ништо повеќе. Мојот гол беше важен, Левандовски фантастично ми ја додаде топката и среќен сум поради тоа што и помогнав на селекцијата да се пласира на Европското првенство. Ќе видиме дали ќе бидам дел од третиот голем турнир како член на Полска“, изјави Милик.

„Би сакал да одам таму играјќи редовно во клубот. Вистина е дека се зависи од мене, од моите нозе. Верувам во себе, но зависи и од мечевите и минутите. Ако не добивам шанса да играм тогаш е тешко да направите нешто“, додаде Полјакот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деко го доведе Родри, па веднаш ја напушти Барселона: Навивачите нетрпеливо ја чекаат сабота

Деко направи уште една неверојатна работа бидејќи Родри веќе потпиша договор со Барселона,…