Дома Фудбал Германија Милер објасни зошто малку Германци ја добиле „Златната топка“: Ние Германците не блескаме сами

Милер објасни зошто малку Германци ја добиле „Златната топка“: Ние Германците не блескаме сами

За Томас Милер може да се каже дека игра цела вечност. Германецот е член на Баерн од 2008 година и се добива впечаток дека воопшто не е променет.

Милер никогаш не нудел спектакуларен фудбал, меѓутоа поради својата посветеност, борбеност, тактичка дисциплина и голема тимска работа е омилен помеѓу тренерите и соиграчите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во последните недели многу се коментираше ситуацијата со „Златната топка“ која на крајот ја доби Лионел Меси иако многумина сметаат дека требаше да заврши во рацете на Левандовски.

Свој коментар даде и Милер, но и зборуваше за разликата меѓу Германците и останатите нации.

„Ние во Германија не веруваме во ѕвезди. Од мали не учат да играме како тим, да не блескаме сами. Затоа нема да видите многу германски играчи кои ја освојуваат Златната топка, но затоа гледате и четири ѕвезди на нашиот дрес“, порача Милер.

Германија во минатото четири пати беше светски шампион, последен пат во 2014 година. Тогаш Милер беше петти во изборот за Златната топка и тоа е негов најдобар пласман во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

На Ливерпул вакво нешто не му се случило цела деценија!

Поразот од Брајтон го означи десеттиот неуспех на Ливерпул во тековната сезона од Премиер …