Дома Фудбал Останато Милер за ситуацијата со Меси: Неколку пати разговарав со нашиот финансиски директор

Милер за ситуацијата со Меси: Неколку пати разговарав со нашиот финансиски директор

Германскиот напаѓач Томас Милер зборуваше за ситуацијата со Меси и неговото веројатно заминување од Барселона.

Неодамна Баерн ја прегази Барселона со 8:2 во Лигата на шампионите и токму после тој пораз настана хаос на „Камп Ноу“, а Меси соопштил на раководството дека сака да си замине ова лето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн не е помеѓу клубовите кои би можеле да го доведат Меси и во прв ред се Манчестер Сити и ПСЖ, а за целата ситуација зборуваше и Милер кој призна дека не е реално Баерн да го доведе Меси.

„Во текот на последните дена разговарав на таа тема со нашиот финансиски директор. Мислам дека тука ништо не можеме да направиме“, изјави Милер.

Баерн во овој момент и не изгледа како клуб кој би имал потреба од Меси, клубот е насочен кон доведување на помалди фудбалери и таа политика и тоа како им дава резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…