Дома Македонски спорт Милевски: Финска и Азербејџан се генерална проба пред квалификациските натпревари за ЕП

Милевски: Финска и Азербејџан се генерална проба пред квалификациските натпревари за ЕП

Селекторот Благоја Милевски денес ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот натпревар на Арената „Тодор Проески“ против Финска.

Милевски на овие два натпревари гледа како на генерална проба пред квалификациските натпревари за Европското првенство кои следуваат во март.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Натпреварите во Лигата на Нации се зад нас сега се актуелни пријателските натпревари против Финска и Азербејџан, тие за нас генерална проба за квалификациските натпревари во март. Ќе пробаме различни варијанти за сето она што не очекува идната година. Токму затоа инсистирав да имаме квалитетни противници, Финска е супер тим и се наоѓа во вториот шешир. Точно ќе ни даде насока и правец дали би требало да се смени нешто или да се задржи пред предизвиците во групната фаза. Имаме квалитетна група и потребни ни се натпревари со квалитетни противници“, изјави Милевски.

Натпреварот против Финска го играме во терминиот од 18:00 часот, додека в недела од 20:00 часот не очекува натпревар против Азербејџан.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал има шанса да купи фудбалер на ПСЖ за 90 милиони евра

Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер сити имаат голема шанса да го ангажираат играчот кој би м…