Дома Топ вести Милан ја тресе „чизмата“, има понуда за Сергеј Милинковиќ Савиќ – се чека одговорот на Лотито!

Милан ја тресе „чизмата“, има понуда за Сергеј Милинковиќ Савиќ – се чека одговорот на Лотито!

Денешната вест лансирана од некои од најреномираните италијански медиуми како „Тутоспорт“ и „Ла Стампа“ ги тресе апенините – Милан спремил понуда за Сергеј Милинковиќ Савиќ!

Според најавите Милан и тоа како е сериозен и веќе има спремено понуда!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се наведува дека Милан е спремен на Лацио веднаш да му плати 40 милиони евра за позајмица од една година, но со обврска да го откупат наредното лето за сума од 80 милиони евра.

Покрај тоа „росонерите“ наводно имаат и план „Б“, па доколку добијат негативен одговор од Лацио спремни се во зделката да го вклучат и Џакомо Боновентура (Боновентура + 20 милиони за позајмица со откуп за 80 милиони евра).

Со ваквиот начин Милан би можел да го доведе Савиќ и би останал во границите на финанискиот фер-плеј.

Како и да е во наредните денови, па може и часови се очекуваат дополнителни информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…