После повредата на Сеат Колошинац, Арсенал е во потрага по лев бек, а првата желба е играчот на Милан, Рикардо Родригез.
Емери го сака швајцарскиот репрезентативец во своите редови, а „топџиите“ веќе испратиле понуда до Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, седумкратниот европски шампион нема намера да се раздели со Рикардо Родригез и експресно ја одбил понудата.
Самиот фудбалер исто така преферира да остане во Милан, иако „топџиите“ му понудиле побогат договор.
Рикардо Родригез минатата сезона запиша 47 настапи за Милан во сите натпреварувања и постигна 4 гола.