Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан има нова мета, а тоа е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан во 25-годишниот Германец гледа идеална замена за Хакан Чалханоглу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ веќе оствариле контакт со агентот на Брант, кој дал согласност за трансфер на „Сан Сиро“.
Сега двата клуба треба да најдат заеднички јазик, а Борусија Дортмунд е спремна да го пушти плејмејкерот.
Милан е спремен да понуди 5 милиони евра за едногодишна позајмица плус 22 милиони евра за откуп следното лето.
#Milan, nome nuovo per la trequarti: piace Brandt del Borussia Dortmund. #SportMediaset https://t.co/vC1dyX8tS7
— SportMediaset.it (@sportmediaset) July 25, 2021