Фудбалерите на Милан пружаат солидни партии во последно време и се многу блиску до изборат пласман во Лигата на шампиони следната сезона.
„Росонерите“ во јануари донесоа две големи засилувања, Пакета и Пјтонтек, кои го поткренаа квалитативното ниво на тимот, но Милан во летниот преоден рок планира дополнително да се засили.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се во потрага по крилен напаѓач и на радарот на Леонардно има неколку имиња.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека една од најголемите желби на Милан во летниот преоден рок ќе биде младата ѕвезда на Баерн Минхен и германски репрезентативец Серж Гнабри.
Скаути на Милан веќе подолго време ги следат настапите на Германецот, а го следеле Гнабри и во дуелот помеѓу Холандија и Германија, каде постигна фантастичен гол.
Гнабри може да игра како на левата, така на десната страна, па поради тоа е трансфер цел број еден на „росонерите“ кои се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.
Наводно Милан е спремен да го продаде Чалханоглу за да финансира дел од трансферот на младиот Германец.
Сепак, на Милан нема да му биде лесно да го убеди Баерн да го пушти еден од своите најталентирани фудбалери на когу му се предвидува блескава иднина.
Il #Milan sogna in grande: emissario in Olanda per seguire Gnabry ?⚫https://t.co/PYKuM3LJTA
— Goal Italia (@GoalItalia) March 27, 2019