Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Милан во следниот преоден рок ќе биде талентираниот холандски напаѓач Донјел Мален.
Овој 20 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и на 12 настапи постигна 9 голови. Неодамна се прослави кога во натпреварот против Витесе ги постигна сите пет гола за својот тим во победата од 5:0.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Мален пристигна во ПСВ за само еден милион евра, но неговата цена вртоглаво порасна. На мечот против Спортинг во Лига Европа го следеа неколку скаути на европски гиганти, а тој постигна гол во победата на својот тим.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент Мино Раиола, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра.
Проблем за „росонерите“ може да биде големата конкуренција бидејќи за Мален силен интрес покажуваат уште Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.