Дома Топ вести Милан тргнува по новата француска ѕвезда

Милан тргнува по новата француска ѕвезда

Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Ајнтрахт и француски репрезентативец, Коло Муани.

Милан го следеше Муани уште минатото лето како играч на Нант, но тогаш Французинот се пресели во Ајнтрахт Франкфурт.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна осум гола и забележа 11 асистенции, па доби повик на Мундијалот.

Муани одлично ги искористи минутите на Мундијалот, постигна еден гол и покажа дека е огромен потенцијал.

Милан има план да го доведе на лето бидејќи Муани може да игра на сите позиции во нападот, а „росонерите“ се спремни да платат 35 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…