Дома Трансфер зона Милан спреми 30 милиони за ѕвездата на Фиорентина

Милан спреми 30 милиони за ѕвездата на Фиорентина

Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, а најголема желба е Никола Миленковиќ.

Милан веќе започнал преговори со агентот Фали Рамадани за трансфер на дефанзивецот Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Миленковиќ изминатите години се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и за него постио интерес од многу клубови.

Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Фиорентина за неговата слобода бара 35 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 30 милиони евра со вклучени бонуси.

22-годишниот дефнзивец одби да го продолжи договорот со „виолетовите“ и инсистира да се пресели на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…