Дома Топ вести Милан спреми 30 милиони за ѕвездата на Лил

Милан спреми 30 милиони за ѕвездата на Лил

Милан е многу активен во летниот преоден рок и сака значително да го засили тимот за конечно да се врати во Топ 4 во Серија А.

Откако го продолжија договорот со Ибрахимовиќ и практично го договорија трансферот на големиот италијански талент Сандро Тонали, сега „росонерите“ твргнуваат кон ѕвездата на Лил, Бубакари Сумаре.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

Милан има одлични односи со Лил од каде минатото лето го донесе Рафаел Леао за 30 милиони евра, а се претпоставува дека и трансферот на Сумаре ќе чини осто толку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…