Милан после 11 години го освои Скудетото, а „росонерите“ веќе работат на засилувања за следната сезона.
Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, бидејќи Ибрахимовиќ најверојатно ќе се пензионира.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Една од желбите е Габриел Жесус, кој има договор со Манчестер Сити до 2023 година, но е спремен ова лето да ја промени средината.
„Калчомеркато“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.
Сити е спремен да го продаде Бразилецот, а Малдини спрема понуда од 35 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.