Дома Топ вести Милан спрема јануарска „бомба“

Милан спрема јануарска „бомба“

Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчезпренесува „Газета дело Спорт“.

24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.

Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

Лил е спремен да го продаде бидејќи Португалецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а „Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ го сакаат во јануари.

Милан во наредните денови ќе испрати понуда од 25 милиони евра плус бонуси и сака да го комплетира трансферот во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…