Дома Топ вести Милан создава одбранбен бедем, тргнува по Кулибали

Милан создава одбранбен бедем, тргнува по Кулибали

Милан е заинтересиран и спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесуваат италијанските медиуми.

Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


30-годишниот Кулибали ги прекина преговорите за продолжување на соработката со Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.

Милан е во потрага по дефанзивец, кој ќе биде партнер на Томори, а прва мета дефанзивецот на Лил, Свен Ботман. Меѓутоа, тој трансфер се искомплицира бидејќи Њукасл испрати многу побогата понуда за Холанѓанецот.

Поради тоа Малдини ќе се насочи кон Кулибали, за кого интерес покажуваат уште Јувентус и Барселона.

Милан сезоната ја заврши со најдобра одбрана во Серија А, па доколку пристигне и Кулибали, „росонерите“ ќе имаат вистински бедем пред голманот Мањан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…