Дома Трансфер зона Милан се откажа од Ренато Санчез, ќе пазари од Англија

Милан се откажа од Ренато Санчез, ќе пазари од Англија

Потрагата по играч за врска продолжува на Островот.

Со сите напори и силната желба да се ангажира Ренато Санчез, Милан сепак нема да успее ова лето да го доведе Португалецот од Баерн. Германскиот клуб остана јасен во ставот дека Санчез може да оди само на позајмица без право за откуп. Што значи дека „Росонерите“ мораат да се свртат кон некои други решенија…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанската телевизија „Sportitalia“ јавува дека Милан се преориентирал на англискиот пазар, односно дека сега во игра се четворица од Премиер лигата. Според сознанијата на овој италијански медиум, можни засилувања на Милан се Јохан Кабај (Кристал Палас), Нампалис Менди (Лестер), Етјен Капу (Вотфорд) и Џек Вилшер (Арсенал).

Кабај можеби е најреална опција и најдобро решение. Чини 10 милиони евра со оглед на тоа што влезе во последната година во договорот и Кристал Палас не би можел да направи многу за да го задржи. Менди дојде минатото лето како замена за Канте, но не ги исполни очекувањата и имаше проблем со тешка повреда. Капу е стандарден во Вотфорд и клубот не сака лесно да се откаже. Вилшер се врати во Арсенал од позајмицата во Борнмут, а Венгер тврди дека смета на него. И минатото лето беше желба на Милан, но проблемот е неговата висока плата.

Ќе видиме како ќе заврши потрагата на Милан по играч за врска. Во моментов приритет е реализацијата на трансферот на Калиниќ, по што Росонерите сите сили ќе ги фокусираат на доведување на играч во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…